Цената на нафтата падна на најниско ниво во последните пет месеци

Хјустон. 20 октомври 2025 – Цените на нафтата во понеделникот паднаа на најниско ниво од мај, откако пазарот го зголеми стравот за можен глобален вишок и послаба побарувачка поради трговските тензии меѓу САД и Кина.

Брент суровата нафта се намали за 28 центи, на 61,01 долар за барел, а американската WTI за 2 центи, на 57,52 долари.

Инвеститорите се насочуваат кон сценарио на прекумерна понуда, откако фјучерс договорите преминаа во состојба на „контанго, сигнал дека трговците очекуваат повисоки цени во иднина и складираат нафта.

РЕКЛАМА

Минатата недела двата бенчмарка забележаа повеќе од 2% пад, трет по ред, по предупредувањето на Меѓународната агенција за енергија дека пазарот би можел да се соочи со растечка понуда во 2026 година.

Новите царини меѓу САД и Кина дополнително ги зголемија стравовите за глобално економско забавување, додека изјавите на претседателот Доналд Трамп за можна зголемена трговска казна кон Индија поради руска нафта внесе нова неизвесност.

Анкета на Ројтерс покажува дека американските залихи на сурова нафта веројатно се зголемиле за околу 1,5 милиони барели минатата недела, што е уште еден сигнал за слаба побарувачка.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба