Бургум за Катимерини: Грција станува клучен енергетски центар во Источниот Медитеран

Атина. 24 септември 2025 – Грција се наметнува како стратешки енергетски центар во Источниот Медитеран, изјави американскиот секретар за внатрешни работи и претседател на Советот за енергетска доминација, Даг Бургум, во ексклузивно интервју за грчкиот дневен весник Катимерини. Тој ја оцени земјата како „сигурен партнер“ на САД во зајакнувањето на европската енергетска безбедност и во стабилизирањето на регионот.

Бургум го поздрави интересот на американскиот енергетски гигант „Шеврон“ за истражување јужно од Крит во соработка со „ХелениК Енерџи“. „Ова е позитивен чекор, не само за енергетската иднина на Грција, туку и за пошироките американски интереси во регионот,“ истакна тој за Катимерини.

Во интервјуто, Бургум потсети дека преку терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Ревитуса годинава пристигнале 35 танкери, од кои 31 од САД. „Ова е доказ за растечката енергетска врска меѓу нашите земји, со што се зајакнува европската независност од рускиот гас,“ нагласи американскиот функционер.

РЕКЛАМА

Тој посочи дека Грција е „подготвена за трансформативни соработки“, особено во бродоградбата и поморскиот сектор. За време на посетата на Елефсис бродоградилиштата, разговарал со грчките министри за развој и транспорт, каде било утврдено дека постојат големи можности за американски инвестиции и размена на технологии.

Покрај ова, Бургум подвлече дека партнерствата со Атина имаат и геополитичко значење: „Со инфраструктура поддржана од САД, како Ревитуса, не само што го гарантираме снабдувањето со енергија, туку и ја зајакнуваме НАТО, го балансираме влијанието на Кина и придонесуваме за стабилна енергетска иднина.“

Во врска со можните тензии со Турција, кои во минатото го блокираа развојот на енергетски проекти, Бургам за Катимерини истакна дека клучна е „постојаната дипломатија и поддршката на регионалната енергетска соработка“.

Извор: Ekathimerini.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба