Бугарија купува ЛНГ преку терминалот во Александрoполис

Софија. 17 октомври 2025 – Бугарија обезбеди нови количини течен природен гас (ЛНГ) преку терминалот во Александрополис, Грција, по успешно завршениот тендер на државната компанија „Булгаргас“ ЕАД. На постапката учествуваа повеќе од десет меѓународни компании, а избрани беа TotalEnergies, Metlen Energy & Metals и Shell.

Според договорите, испораките ќе се реализираат во октомври и декември 2025 година, како и во јануари и март 2026 година. Сите четири танкери ќе бидат натоварени на терминали за течен природен гас во САД и потоа ќе пристигнат во Александрополис.

Тендерот е дел од мерките предвидени во Програмата за управување на Република Бугарија 2025–2029, насочени кон гарантирање на енергетската безбедност на земјата. „Булгаргаз“ обезбеди четири пратки на ЛНГ со вкупна енергетска вредност од 4.000.000 MWh, што одговара на околу 380 милиони кубни метри природен гас, односно околу 14,6% од вкупната потрпошувачка на гас во земјата.

РЕКЛАМА

Во постапката биле поканети 37 меѓународни трговци и производители на ЛНГ, кои претходно покажале интерес и биле одобрени од „Булгаргаз“. Се смета дека со оваа набавка, компанијата обезбеди доволни количини за снабдување на бугарските домаќинства и индустрија во претстојната есенско-зимска сезона.

Извор: Bulgargaz.bg

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба