Божиновска како Претседател на Почесниот одбор го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ

Охрид. 6 октомври 2025 – Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во текот на вчерашниот ден го отвори 13. Советување на МАКО СИГРЕ, клучен настан за електроенергетскиот сектор во земјава, кој го собира академскиот и индустрискиот кадар за размена на идеи, иновации и практични решенија. Божиновска го отвори советувањето како Претседател на Почесниот одбор, што ја потврдува довербата и континуираната соработка меѓу Министерството и организацијата.

Во своето обраќање, министерката нагласи дека советувањето е место каде се дебатираат најновите реформи и достигнувања во енергетиката. Трудот, креативноста и посветеноста на инженерите се вистинската движечка сила на напредокот во секторот.

Божиновска посочи дека, и покрај растечката улога на вештачката интелигенција во анализи и симулации, ништо не може да го замени човечкиот потенцијал и знаењето на професионалците:

РЕКЛАМА

 „AI може да помага, но не може да го замени креативниот ум, искуството и страста на инженерите кои го обликуваат секој аспект од енергетскиот сектор.“ нагласи Божиновска.

Посебен акцент беше ставен на младите инженери и студенти, како иднина на секторот: „Вашата енергија и ангажман се основа на долгорочниот развој на енергетиката.“ истакна Божиновска.

Министерката ги потврди приоритетите на Министерството:

  • Обезбедување енергетска стабилност и сигурност;
  • Зголемување на уделот на обновливи извори како сонце, ветер и геотермална енергија;
  • Модернизација на мрежната инфраструктура со дигитални и паметни системи;
  • Поддршка за инвестиции преку предвидлива регулатива и јавни-приватни партнерства;
  • Развој на човечки капитал преку образование и стручни обуки;
  • Засилена регионална и меѓународна соработка.

„Во време на темелни промени – декарбонизација, дигитализација, децентрализација и интеграција на пазари – вакви форуми се од непроценлива важност. Нека ова советување биде почеток на нови иницијативи, засилени проекти и трајна координација меѓу сите чинители“, наведе Божиновска во своето обраќање пред учесниците.

На настанот учествуваат експерти од индустријата, академијата и младите инженери, а Министерството ќе продолжи да обезбедува поддршка и дијалог со сите чинители во секторот.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба