Божиновска и Бислимовски на вонреден состанок: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем на 1 Мај

Скопје. 30 април 2025 – По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за празникот 1 Мај повторно ќе се применат мерките што МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги спроведоа за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

Одлуката е донесена на вонреден состанок меѓу министерката Божиновска, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.

„На Балканскиот енергетски самит во Атина разговаравме со колегите од регионот и се усогласивме за мерките неопходни за стабилност на системот. Како што информиравме, МЕПСО, во координација со клучните енергетски чинители и согласно насоките на ENTSO-E, успешно ги примени овие мерки за Велигден, спречувајќи ризик од прекин во снабдувањето. Со оглед на проценките за слична состојба за време на првомајските празници, неопходно е повторно активирање на овие мерки,“ изјави министерката Божиновска.

Advertisement

Мерките, првпат применети за Велигден, вклучуваат привремено исклучување на фотоволтаични електрани за растеретување на мрежата и овозможување сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварувања. Ова подразбира корективни диспечерски интервенции, односно наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе може целосно да управува со системот и да ја гарантира неговата стабилност.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement