Бислимовски: РКЕ гарантира стабилна цена на електричната енергија до крајот на годината

Скопје. 28 октомври 2025 — Цената на електричната енергија за домаќинствата нема да се зголеми во наредниот пресметковен период, уверува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.

Во интервју за ТВ 24, Бислимовски изјави дека до крајот на ноември РКЕ ќе ја донесе одлуката за дел од компаниите за кои ја утврдува цената, Електродистрибуција, ЕСМ и МЕМО, и дека ќе се обезбедат услови промените во нивните трошоци да не влијаат на крајната цена за граѓаните.

„Со сигурност можам да кажам дека за овие компании за кои РКЕ носи одлука, нема да дозволиме никакво зголемување на цената. Во делот кој ние го контролираме, што претставува околу 40% од крајната цена на електричната енергија, нема да има никакво зголемување,“ истакна Бислимовски.

РЕКЛАМА

Тој додаде дека и барањата на останатите компании кои не се под регулатива на РКЕ се умерени, потенцирајќи дека МЕПСО бара симболично зголемување од 0,67%.

Во текот на ноември, ЕВН Хоум треба да го распише тендерот за набавка на електрична енергија по новите правила, за кои РКЕ веќе одржа подготвителна седница и се очекува наскоро да ги одобри. Бислимовски потенцира дека резултатите од тој тендер ќе влијаат на дел од крајната цена што не е под директна контрола на Регулаторната комисија.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба