Амстердам. 13 август 2025 – Холандската општина Алмере е најодржлива во земјата, покажува неодамнешното истражување на порталот Energievergelijk.nl, кое ги споредува енергетската ефикасност на зградите, распространетоста на соларните електрани и бројот на електрични возила.
Во Алмере, 67% од домовите имаат највисока енергетска ознака А. Следуваат Лансингерланд (61%) и Пајнекер-Нутдорп (61,8%). Високите резултати се должат на тоа што овие населби се нови, а најголем дел од зградите се изградени по 2000 година, под построги градежни стандарди. Анализата потврдува и силна врска меѓу повисокиот приход и подобрата енергетска изведба на домовите.
Од вкупно 8 милиони објекти во Холандија, 3 милиони имаат соларни панели. По апсолутен број предничи Амстердам, а по релативна застапеност – руралните општини Тинаарло и Капеле, каде над 59% од домаќинствата имаат соларни системи. Најслабо се рангирани Шидам, Зандвоорт, Хаг, Ротердам и Амстердам, каде доминираат високи згради, објекти за изнајмување и заштитени културни споменици, што ја ограничува можноста за инсталација.
Најмногу новорегистрирани електрични автомобили има во Хаутен – 27% од сите нови возила, пред Харлемермер (25,1%), Бреда (22,7%) и Алмере (20,9%). Сепак, истражувачите предупредуваат дека регистрираниот сопственик не секогаш е и вистинскиот корисник, па реалната слика може да варира.
Извор: Еnergievergelijk.nl