АД ЕСМ со јасна визија за зелена енергетска иднина – Стојановски на IFESD-14

Скопје. 29 октомври 2025 – Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Аџија Стојановски, учестуваше како панелист на 14. Светски форум за одржлива енергија (IFESD) што се одржува овие денови во Скопје. Настанот ги собра претставниците на енергетски компании, владини институции и меѓународни организации кои споделија искуства и предизвици во процесот на зелената енергетска транзиција.

На панел-дискусијата, насловена како „Енергија, транзиција, ефикасност, чиста енергија и трансформација на работната сила“ беше истакната потребата од изградба на нови капацитети базирани на чисти извори на енергија, намалување на зависноста од фосилни горива и развивање на модели за финансирање кои ќе ја поддржат транзицијата кон одржлива енергетска иднина.

„Целосно сме посветени на создавање долгорочна визија во која се предвидени сите нови капацитети базирани на чиста енергија, што ќе овозможи успешна и праведна зелена транзиција. За реализација на овие значајни проекти, во координација со владините институции, забрзано работиме на диверзификација на изворите на финансирање и соработка со меѓународните финансиски институции,“ изјави Стојановски.

РЕКЛАМА

АД ЕСМ преку инвестиции во обновливи извори на енергија и обуки за унапредување на вештините на вработените ја предводи зелената трансформација во Македонија.

Меѓу клучните активности во рамките на зелената транзиција се:

  • Изградба на 300 MW нови соларни централи
  • Изградба на 300 MW нови ветерни паркови
  • Инвестиции во батериски системи за складирање на енергија
  • Модернизација на хидро капацитетите
  • Развој на современи гасни централи како преодно решение согласно европските стандарди
  • Континуирана обука на вработените за модернизација на работењето

„Зелената транзиција не е крајна цел, туку патување во кое постојано треба да ја надградуваме и промовираме нашата визија за чиста и одржлива иднина. Само со дисциплиниран и енергичен пристап ќе ги оствариме стратешките приоритети и ќе ја реализираме целосната енергетска трансформација,“ потенцираше Стојановски.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба