ACEA: За премин кон електрични возила клучни се стимулативни мерки, а не задолжителни прописи

Брисел. 11 август 2025 – Неодамна објавена анализа на Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), покажува дека компаниите во Европската унија учествуваат со околу 60% во вкупниот број на новорегистрирани автомобили, а кај комерцијалните возила, односно, комбињата и камионите – корпоративните регистрации речиси го опфаќаат целиот пазар. Сепак, податоците за првата половина од 2025 година откриваат скромен напредок: електричните комбиња учествуваат со 8,5% во новите регистрации, додека електричните камиони со едвај 3,5%.

Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) предупредува дека главната пречка за забрзана електрификација е недостигот од ефективни стимули. Наместо воведување законски обврски за компаниите, досегашното искуство покажува дека добро дизајнираните поттикнувачки мерки даваат далеку подобри резултати.

Пример за тоа е Норвешка, каде речиси 90% од новите корпоративни аквизиции на возила без емисии се остварени благодарение на комбинација од даночни ослободувања, субвенции за набавка и изградба на инфраструктура, ослободување од патарини, како и дополнителни поволности, вклучувајќи повластено паркирање и користење на брзи ленти. Сето ова е постигнато без задолжителни регулативи. Сличен успех забележала и Белгија, која во 2024 година достигна 80% удел во овој сегмент.

РЕКЛАМА

И покрај позитивните примери, само 19 од 27-те членки на ЕУ нудат даночни олеснувања или други мерки за поддршка на корпоративниот премин кон возила со нулта емисија. ACEA препорачува ваквите политики да станат стандард низ целата Унија.

Кај комерцијалните возила, додава здружението, потребен е поширок приста, од даночни поволности и приоритет за возила без емисии во јавните набавки, до стимули за клиентите и добавувачите да го зголемат нивниот удел во транспортните и логистичките синџири. Клучен елемент е и директната поддршка за превозниците преку патарини засновани на емисијата на CO₂, субвенции за набавка, како и забрзан развој на полначка инфраструктура.

„Ваквите чекори се неопходни ако Европа навистина сака да ги исполни своите климатски цели“, порачуваат од ACEA.

Извор: ACEA

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads