Скопје. 5 септември 2025 – Во август 2025 година, на пазарот за тргување со електрична енергија ден однапред се реализирани вкупно 126.292,1 MWh, покажува извештајот на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје. Просечната цена изнесувала 4.998,7 денари, односно 81,23 евра за MWh.
Просечно дневно биле истргувани 4.073,9 MWh, што претставува стабилно високо ниво на тргување по рекордниот јули.
За време на дневниот пик (09:00–20:00 часот), се истргувале 2.631,6 MWh електрична енергија дневно, по значително пониска цена од 3.443,8 денари или 56 евра за MWh, што е поволно за потрошувачите во часовите на најголема активност.
Овие резултати укажуваат на тоа дека македонскиот електроенергетски пазар задржува висока ликвидност и конкурентност, со тенденција на стабилизирање на цените по јулскиот рекорд, особено во периодот на дневниот пик.

Извор: МЕМО