Енергетската заедница објави студија: Енергетската ефикасност – клуч за намалување на енергетската сиромаштија

Виена. 30 октомври 2025 – Секретаријатот на Енергетската заедница објави нова студија насловена како „Енергетска ефикасност на прво место за енергетска сиромаштија“, која претставува прв сеопфатен план за справување со енергетската сиромаштија преку реновирање на зградите и примена на принципот „Енергетска ефикасност на прво место“ (EE1st).

Според наодите во студијата, длабоките енергетски реновирања во земјите од Енергетската заедница можат да го намалат домашното енергетско побарување за повеќе од 60%, да го подобрат здравјето преку намалување на влагата и респираторните заболувања и да создадат меѓу 12 и 19 нови работни места за секој вложен еден милион евра. Дополнително, придобивките од подобрената благосостојба и продуктивноста можат да бидат и до трипати поголеми од директните заштеди.

Извештајот ги повикува владите на земјите-договорни страни да воспостават јасни дефиниции и методи за мерење на енергетската сиромаштија, да ги приоретизираат ранливите домаќинства во програмите за реновирање, да развијат иновативни модели на финансирање и да ги насочат субвенциите кон енергетска ефикасност и чиста енергија.

РЕКЛАМА

„Справувањето со енергетската сиромаштија преку ефикасност е и социјална потреба и стратешка предност,“ изјави директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски. „Вклучувањето на целите за енергетска сиромаштија во плановите за реновирање, финансирањето и националните енергетски и климатски планови може да донесе тројна корист: поздрави домови и заедници, поконкурентни енергетски пазари и побрза декарбонизација, што ќе ја засили подготвеноста за поврзување на електричните пазари и подлабока интеграција со Европската унија.“

Студијата е изработена за поддршка на спроведувањето на Министриските препораки за принципот „Енергетска ефикасност на прво место“ од 2024 година, со придонес на Групите за координација на енергетска ефикасност и енергетска сиромаштија. Автори се Economic Consulting Associates Limited и Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“.

Извор: Energy-community.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба