Вучиќ: Не очекувам договор за НИС во последен момент, Американците не го променија ставот за санкциите


Белград. 28 март 2025 – Србија се соочува со ризик да го изгуби пристапот до увоз на сурова нафта, откако пропаднаа преговорите за спречување на воведувањето санкции кон единствената рафинерија во земјата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за „Фајненшл тајмс“.

Исклучувањето од санкциите истекува денес на полноќ. Доколку не биде продолжено, НИС, која е во мнозинска сопственост на руските компании „Гаспром Њефт“ и „Гаспром“, би можела да се соочи со прекин на снабдувањето со сурова нафта. Компанијата управува со единствената рафинерија за нафта во Србија, со капацитет од 4,8 милиони тони годишно, која ги задоволува повеќето домашни потреби.

Според српскиот претседател, не е возможно да се очекува договор во последен момент. Тој вели дека изминатиот период со цел да се најде решение за проблемот, биле остварени разговори со Американците, со Русите и со сите засегнати, но дека Србија не видела никаква промена во ставот на САД. Од друга страна, Вучиќ нагласи дека руската страна сака да го задржи НИС по секоја цена.

Advertisement

Покрај ова, српскиот претседателл претходно ја отфрли национализацијата на НИС или рускиот удел како начин за избегнување на санкциите и одби да разговара за стратегии за ублажување на ситуацијата. „На крајот, потребно е да имаме целосно обезбеден пазар на нафта во нашата земја, што подразбира целосно снабдување со нафта на нашата рафинерија и на нашиот пазар на бензин“, истакна Вучиќ, додавајќи дека цената не е проблем и дека проблемот „лесно“ би можел да се реши доколку се постигне договор за пренос на сопственоста на НИС.

Британскиот весник потсетува дека Министерството за финансии на САД во јануари побара од рускиот државен „Гаспром“ и неговата подружница „Гаспром Њефт“ да го продадат својот мнозински удел во српската рафинерија НИС, заканувајќи се со санкции доколку тоа не се случи.
Како што е наведено, руските сопственици одбија да продадат 56% од уделот во НИС, но ја променија сопственичката структура така што ниту „Гаспром“, ниту „Гаспром Њефт“ немаат мнозински удел во компанијата.

Весникот посочува дека едно од можните решенија, според информации од нафтената индустрија, е унгарската нафтена групација MOL да влезе во игра и да го купи рускиот удел во НИС.

На прашањето до која мера прашањето за НИС е дел од пошироката руско-американска дискусија во контекст на завршувањето на војната во Украина, Вучиќ рече дека мисли дека за нив тоа е „мало прашање“.

„Ако санкциите стапат на сила, ќе мораме што е можно побрзо да ја видиме реакцијата на руската страна, а потоа и ние ќе мора да реагираме“, изјави тој.

Извор: Financial Times

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement