Новиот извештај на ENTSOG: Гасните складишта клучни за стабилноста на ЕУ

Брисел. 11 април 2025 – Европската мрежа на оператори на преносни системи за гас (ENTSOG) на 10 април 2025 година го објави Извештајот за летна понуда за 2025 година, во кој нагласува дека складиштата за гас одиграа пресудна улога минатата зима, обезбедувајќи над 30% од вкупната потрошувачка на гас во ЕУ. Овие резерви, поевтини од увозниот течен природен гас (LNG), помогнаа во стабилизирањето на цените и зајакнувањето на енергетската сигурност на Унијата.

На 1 април 2025 година, на крајот на зимската сезона, нивото на складираниот гас изнесуваше 34% од капацитетот, што е помалку од претходните две години, но во рамки на просекот пред енергетската криза. ENTSOG апелира дека полнењето на складиштата мора да започне веднаш. Според податоците на Гасната инфраструктура на Европа (GIE), од крајот на март веќе се забележува континуирано зголемување на резервите, што го означува почетокот на сезоната за полнење.

Согласно Регулативата за складирање гас на ЕУ (ЕУ/2022/1032), целта е складиштата да достигнат 90% од капацитетот до 1 ноември. Во последните две години, оваа цел беше надмината повеќе од два месеци пред рокот. За да го олесни процесот и да спречи пазарни нарушувања, на 5 март 2025 година Европската комисија издаде Препорака, повикувајќи ги земјите-членки да ги земат предвид пазарните услови и флексибилните мерки при планирањето на полнењето ова лето.
Инаку, на 5 март годинава, Европската комисија предложи продолжување на важноста на Регулативата за складирање гас до крајот на 2027 година. Извештајот за нејзиното спроведување покажува дека таа значително ја подобрила сигурноста во снабдувањето и ги намалила ризиците од прекини, овозможувајќи ѝ на ЕУ да напредува во намалувањето на енергетската зависност од Русија.

Advertisement

Извор: Европска Комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement