Кина го одби рускиот план за гасовод на исток: Нов удар за Гаспром

Пекинг го отфрли предлогот на Русија за зголемување на извозот на природен гас кон исток преку Казахстан, нанесувајќи нов удар врз финансиските проблеми на рускиот енергетски гигант Гаспром.

Москва. 18 април 2025 – Гаспром – рускиот државен монопол, до неодамна еден од клучните инструменти на надворешната политика на Кремљ, се соочува со сериозни предизвици откако изгуби значителен дел од европскиот пазар поради руската воена агресија во Украина. Во обид да компензира за загубите, компанијата предложи извоз на дополнителни 35 милијарди кубни метри гас годишно кон Кина преку постоечката гасоводна мрежа во Казахстан. Сепак, на 15 април годинава, кинескиот амбасадор во Русија, Џанг Ханхуи, јасно стави до знаење дека оваа идеја е неизводлива.

„Испораката на дополнителни количини гас од Русија преку Казахстан не е возможна бидејќи постоечкиот гасовод е преоптоварен. За да се транспортира повеќе руски гас по оваа рута, би морал да се изгради нов гасовод, што е исклучително скапо и нереално“, изјави Џанг за руските медиуми, цитиран од агенцијата Интерфакс.

Тој истакна дека за зголемување на кинескиот увоз на гас, подобра опција е веќе планираниот гасовод „Силата на Сибир 2“ (PS-2) преку Монголија, чија изградба, иако планирана за минатата година, е одложена поради финансиски и политички пречки.

Advertisement

Со ваквиот развој на ситуацијата, всушност, финансиската криза во Гаспром дополнително се продлабочува. По војната во Украина, компанијата изгуби до голем дел од своите профитабилни европски пазари, што резултираше со загуба од 7 милијарди долари во 2023 година – прва во нејзината историја. Во 2024 година, загубите достигнаа 10 милијарди долари, а проекциите укажуваат на потенцијални загуби од 179 милијарди долари во наредната деценија. Енергетика 24 веќе пишуваше за претстојната голема реорганизација на компанијата, која вклучува продажба на имот и отпуштање на околу 40% од вработените во главното седишти на Гаспром во Санкт Петербург.

Поради финансиските тешкотии, Гаспром веќе се повлече од проекти во Боливија, Индија, Таџикистан, Узбекистан и Венецуела. Во Централна Азија, земјите како Киргистан почнуваат да ja преиспитуваат својата зависност од рускиот гас, делумно поради политички тензии. Во овој контекст, киргистанскиот министер за надворешни работи, Жеенбек Кулубаев, на 15 април изјави дека Бишкек планира да го намали увозот на руски гас, повикувајќи ги своите граѓани да избегнуваат работа во Русија поради лошото постапување со киргистанските мигранти.

Оваа одлука на Кина дополнително ги комплицира амбициите на Русија да го зајакне своето енергетско влијание на исток, оставајќи го Гаспром во неизвесна позиција на глобалната енергетска сцена.

Извор: Интерфакс, Moscow Times, ТАСС

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement