Хрватска повторно станa нето-увозник на струја

Загреб. 30 април 2025 – Во првиот квартал од 2025 година, Хрватска забележа зголемување на потрошувачката на електрична енергија за 5,5% во споредба со истиот период минатата година, што ја врати земјата во позиција на нето-увозник на струја, покажува најновиот извештај на Обновливи извори енергија Хрватска (ОИЕХ).

Вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата достигнала 4.893 гигаватчасови (GWh), односно 253 GWh повеќе од минатата година, што се припишува на пониските температури и зголемената економска активност. Истовремено, производството од хидроелектраните опаднало за 17,8%, на 1.656 GWh, поради неповолни хидролошки услови, особено во првите два месеци од годината.

Иако хидроелектраните остануваат најголем поединечен извор на електрична енергија со удел од 33,6%, другите обновливи извори – како ветерни и соларни електрани бележат раст од 17,6%, со вкупно производство од 1.265 GWh, што претставува 25,7% од вкупната достапна енергија. Ова е првпат овие извори значително да го надминат производството на термоелектраните на фосилни горива, како и испораката од нуклеарната електрана Кршко.

Advertisement

Производството од термоелектраните во првото тримесечје од годинава изнесувало 909 GWh, што е пад од 5% во однос на истиот период минатата година, при што ТЕ Пломин не била во функција. Нуклеарната електрана Кршко придонела со 757 GWh, што е благо намалување од 5 GWh во однос на минатата година. Во рамките на структурата на достапна енергија, термоелектраните учествуваат со 18,5%, а Кршко со 15,4%.

Дополнително, реверзибилните електрани со необновлив извор (црпена вода) произвеле 59 GWh, што е значително зголемување во однос на првиот квартал од 2024 година, кога произведоа 30 GWh.

Најзначајната промена, според ОИЕХ, е преминот на Хрватска од извозник во нето-увозник на електрична енергија. Во првите три месеци од годинава, земјата увезла 326 GWh, во споредба со нето-извоз од 125 GWh во истиот период минатата година. Овој пресврт се должи на комбинацијата од повисока потрошувачка и намалена хидропроизводство, и покрај позитивниот тренд кај другите обновливи извори.

Извор: OIE Hrvatska

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement