Анкара. 21 април 2025 – Електроенергетскиот сектор на Турција се развива побрзо споредено со многу европски земји во прифаќањето на обновливите извори на енергија, но напредува побавно во елиминирањето на јагленот, покажува најновиот енергетски преглед за Турција, изготвен од тинк-тенкот Ембер.
Документот, кој, меѓу останатото го споредува напредокот на Турција со оној на ЕУ, откривајќи области каде Турција предничи, но и каде заостанува, покажува дека, во 2024 година, производството на електрична енергија од сонце во Турција пораснло за 40% во споредба со претходната година, што е повеќе од двојно над просечниот раст на соларната енергија во ЕУ (18%). Според Ембер, енергијата од ветер во Турција исто така бележи постојан раст, иако административните пречки го забавуваат напредокот во споредба со бумот на офшор ветерниците во Европа. Во 2024 година, уделот на ветерната енергија во вкупното производство на земјата изнесувал 11.2%, a заедно, соларната и ветерната енергија сочинуваат 20,4% од вкупното производство на електричната енергија. Овој факт сериозно ја доближува Турција до европскиот просек од 27%.
Истовремено, благодарение на изобилието на водни ресурси, Турција, во 2024 година хидроенергијата достигнала 26% од вкупното производство, и во овој сегмент значително го надминува го уделот на ЕУ од 10%.
Од друга страна, со пуштањето во работа на првиот нуклеарен реактор во Акују, Турција се приклучува кон земјите во ЕУ кои користат нуклеарна енергија, а која обезбедува 22% од вкупното производство на електричната енергија во ЕУ.
Показател | Турција (2024) | Просек на ЕУ (2024) |
---|---|---|
Удел на соларна и ветерна енергија | 20,4% | 27% |
Удел на јаглен | 28% | 12% |
Јаглероден интензитет | 340 gCO₂/kWh | 220 gCO₂/kWh |
Удел на нуклеарна енергија | 4% (прв реактор) | 22% |
Сепак, и покрај вавките мошне позитивни показатели, извештајот на Ембер покажува дека уделот на јагленот во Турција се уште зазема доминантна позиција во енергетскиот микс на земјатам со удел од 28%, што е далеку над просекот на ЕУ, кој изнесува 12%. По енергетската криза во 2022 година, Европа значително го забрза напуштањето на јагленот, додека во Турција домашното производство на лигнит и приоритетот на енергетската безбедност го попречуваат овој процес. Според податоците на Ембер, во Турција се наоѓаат вкупно 7 од 10-те термоцентрали кои се најголеми загадувачи на европскиот континент.