Светскиот капацитет на обновлива енергија во 2024 достигна 4.448 гигавати

Абу Даби, 27 март 2025 – Глобалниот капацитет на обновливите извори на енергија забележа импресивен скок во 2024 година, достигнувајќи 4.448 гигавати (GW), при што соларната енергија се истакна како лидер со вкупен удел од 1.865 GW. Ова го открива извештајот „Статистика за капацитет на обновлива енергија 2025“, објавен во средата од страна на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA).

Во текот на минатата година, додадени се 585 GW нов капацитет, што сочинува 92,5% од вкупното проширување и бележи рекордна годишна стапка на раст од 15,1%. Иако 2024 година постави ново мерило во развојот на обновливата енергија, напредокот сè уште заостанува зад амбициозната цел од 11,2 теравати (TW), потребни за тројно зголемување на инсталираниот капацитет до 2030 година, како што беше договорено за време на COP28.

Advertisement

За да се исполни овој план, IRENA предупредува дека капацитетот на обновливите извори мора да расте со просечна годишна стапка од 16,6% до крајот на деценијата. Агенцијата, со седиште во Абу Даби, истакнува дека Азија го удвоила својот соларен капацитет од 2022 година, со додадени 247,9 GW во 2023 и 327,1 GW во 2024 година. Најголемите придобивки ги забележаа Кина (+278,0 GW) и Индија (+24,5 GW), додека Јужна Кореја импресионира со раст од 3,1 GW во соларниот сектор.

Во споредба со 2023 година, проширувањето на обновливите извори во 2024 година е забрзано и значително го надминува долгорочниот просек. Кина повторно предводи во овој раст, проследена од САД, иако во помал обем. Сепак, позитивен тренд е забележан и во повеќето други земји, кои исто така го зголемија својот капацитет во 2024 година.

Уделот на обновливите извори во вкупното проширување на енергетскиот капацитет порасна на 92,5% во 2024 година, во однос на 85,8% во 2023 година. Истовремено, нивниот удел во вкупниот инсталиран капацитет се искачи од 43,1% на 46,4%, што е раст од над три процентни поени. Овој нагорен тренд ја нагласува сè поголемата доминација на обновливите извори и постепеното намалување на инвестициите во необновливи технологии. На глобално ниво, овој пресврт делумно се должи на масовното деактивирање на стари капацитети во некои региони, но патот до целта од 11 TW до 2030 година останува предизвик.

Хидроенергијата од обновливи извори, пак, забележа раст од 15,0 GW во 2024 година, што е силен одскок од најниското ниво од 11,3 GW во 2023 година. Сепак, 96% од овој напредок доаѓа од Кина. Значаен раст на капацитетот над 0,5 GW е регистриран и во Пакистан, Етиопија, Виетнам, Танзанија, Индонезија и Непал.

Извиор: ИРЕНА

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement